Нова инвестиција доаѓа во Македонија, информира премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.
Станува збор за одлука на инвеститор кој ја напушта Србија и својот капитал и капацитет одлучил да го пресели во Република Македонија.
Премиерот Христијан Мицкоски веќе остварил контакт со сопственикот на компанијата и најверојатно првиот чекор ќе биде преземен уште денес.
Низа компании изминатиов период донесоа одлука да ја напуштат Србија, каде претходно направиле инвестиција.