Им се заканувал на своите мајка и сопруга дека ќе ги убие бидејќи не му дале 100 евра, притвор за насилник од тетовско

од Вести365.МК Ј.Р.

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на тетовско Гајре заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари.

Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Слични објави