Илон Маск повторно на тронот, повторно е најбогат човек на светот

од Вести365.МК | М.Т.

Илон Маск одново е најбогатиот човек во светот, според листата на Блумберг. Во декември минатата година, Бернар Арно го замени Маск на првото место, како извршен директор на конгломератот на француските луксузни брендови LVMH. Меѓутоа, растот на акциите на Tesla повторно го врати Маск на врвот на листата на милијардери. Неговото нето богатство по затворањето на пазарот во понеделник беше 187,1 милијарди долари, што го надминува богатството на Арно од 185,3 милијарди долари. Макар што акциите на Tesla паднаа минатата година, поради проблематичното купување на Twitter од Маск и падот на технолошкиот пазар, но од тогаш акциите повторно почнаа да растат. Маск е познат како најбогатиот човек во светот, но и како човек кој има рекорд во загуба на богатство, каде што загуби 200 милијарди долари на крајот на минатата година. Неговото нето богатство падна од 340 милијарди долари во ноември 2021 година на 137 милијарди долари во декември 2022 година.

Слични објави