Илиевски на увид на теренски активности

од Вести365.МК | С.З.

Во текот на изминатите денови, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, покрај редовните активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа, изведуваа и работни активности за отстранување на дефект на водоводната мрежа на бул. Јане Сандански бр.32.

Директорот на ЈП Водовод и канализација, Драган Илиевски, беше присутен во текот на изведувањето на теренските активности и направи увид во спроведување на истите.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Слични објави