Извршил убиство во Холандија, избегал и животот го заврши во Шиша Бар – Кој е Енес Исеини?

од Вести365.МК Ј.Р.

Избегал од судење за убиство во Холандија, но животот му заврши во пукањето во Шиша бар во Скопје. Еден од двајцата убиени Енес Исеини според холандските медиуми бил осомничен дека пред две години бил вклучен во пукање во Берген ан Зе во кое бил убиен Колумбиец.

Според пишувањата, во февруари 2021, Исени бил уапсен како еден од деветмината осомничени за убиството, па потоа пуштен под услов да не ја напушта земјата и да го предаде пасошот во холандски суд.

Сепак тој избегал во Македонија, а судењето за убиството на Колумбиецот почна вчера во Холандија.

Исеини беше убиен во Шиша бар на 6 март, каде маскирани лица влегле во барот и со 40-50 куршуми ги убиле него и Јетон Кривањева.

Според обвинителството се работи за пресметка за позиции на нарко-пазарот.

Слични објави