Избувна пожар во Струмица, повредени две лица

од Вести365.МК | М.Т.

Денес во 10:56 часот на улица „Крушевска Република“ во Струмица над Момин бунар, ТППЕ Струмица со 5 противпожарни возила и 18 пожарникари-спасители интервенирала на гасење на запалени куќи.

Опожарени се вкупно 3 куќи и причинета е значителна материјална штета.

Во акцијата на гасење и спасување, пожарникарите-спасители од едната куќа успеаја да извлечат две постари лица и да ги предадат на екипите на брза помош.

-Пожарот е целосно ликвидиран, екипи од пожарникари-спасители остануваат на локацијата на пожарот заради евентуално разгорување поради високите температури, информираат од Струмичката протипожарна екипа.

Слични објави