Зеленски стигна до руската граница

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети украинско-руската граница во регионот Суми за прв пат откако украинските сили извршија инвазија во регионот Курск, погранична област на Русија.

За време на состанокот со врховниот командант на армијата, генералот Александар Сирски, Зеленски рече дека украинските сили зазеле уште една населба во рускиот регион Курск и заробиле повеќе руски војници за кои се надева дека ќе ги замени за заробени Украинци.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека неговата војска ја презела контролата врз селото Межове во регионот на делумно окупираниот украински Доњецк.

Претходно денеска беше соопштено дека при украински напад со беспилотно летало е предизвикан пожар во воен објект на југот на Русија

Слични објави