Зеленски: Русија спрема мобилизација од 300.000

од Вести365.МК | М.Т.

Русија подготвува дополнителна мобилизација од 300.000 војници на 1 јуни, изјави денеска претседателот на Украина Володимир Зеленски по средбата со финскиот претседател Александар Стуб во Киев.

Одговарајќи на новинарски прашања за тоа колку регрути ќе бидат мобилизирани во украинската армија оваа година, Зеленски рече дека половина милион војници нема да бидат потребни, пренесе Интерфакс Украина.

„Кога станува збор за конкретниот број на луѓе кои ќе бидат мобилизирани, не можам да кажам… Не ни требаат половина милион“, рече Зеленски.

 Зеленски му се заблагодари на врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски за спроведување на ревизија во армијата, така што оние кои избегнаа мобилизација и се најдоа на фронтот.

Стуб и Зеленски денеска го потпишаа Договорот за безбедносна соработка и долгорочна поддршка на двете земји, а Стуб ја објави и одлуката на Финска да му испрати на Киев помош во воена опрема во износ од 188 милиони евра.

Слични објави