Зголемен бројот на туристи и на ноќевање

од Вести365.МК | М.Т.

Во септември годинава во земјава се евидентирани 134 829 туристи, од кои 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31.9 % се од домашните, а 68.1 % од странските туристи.

Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 14.2 %.

Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 8.8 %.

Слични објави