Шведскиот производител на Absolut Vodka го запре целиот извоз на својот брендиран пијалок во Русија со моментален ефект по реакциите на потрошувачите, пишува Bloomberg.
Матичната компанија на производителот на пијалоци Pernod Ricard SA објави претходно овој месец дека испораките во Русија продолжуваат, што исто така предизвика бес во Шведска поради ситуацијата во Украина.
– Реакцијата во последните денови јасно ја одразува улогата што Absolut ја игра за својата проширена заедница во Шведска – изјави извршниот директор на компанијата Стефани Дуру.
– Препознавајќи ја обврската за грижа кон нашите вработени и партнери, не можеме да ги изложиме на масовна критика во сите форми – додаде.