За Денот на жената, протести низ светот, посебен акцент на одбраната на правото на абортус (ФОТО)

од Вести365.МК Ј.Р.

Жените ширум светот масовно протестираа во средата на Меѓународниот ден на жената за да ги одбранат своите права, кои се загрозени во се повеќе земји. Планирани се многу организирани протести во големите градови како Мадрид, каде вообичаено се одржува голем настан на 8 март.

Мотивите за демонстрациите се многубројни: од репресијата на талибанците врз правото на жените на образование, работа и учество во јавниот живот, преку масовното антирежимско движење во Иран предизвикано од смртта на една млада жена бидејќи таа не била покриена соодветно, па се до загрозувањето на правото на абортус во САД и последиците од војната во Украина врз жените.

„Жените се првите жртви на војната и се недоволно застапени во дипломатските преговори“, изјавија лидерите пред Советот за безбедност на ОН во вторникот.

Слични објави