ЗАПЕЧАТЕН локалот во кој синоќа се случи ДВОЈНОТО УБИСТВО (Видео)

од Вести365.МК Ј.Р.

Кафулето „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија во кое синоќа се случи двојното убиство, денес е затворено. До објектот, за разлика од синоќа, може да се пристапи. Отстранети се полициските ленти кои беа поставени за да се обезбеди местото. Денес нема полиција, а ги нема ниту сопствениците. Возилата кои беа паркирани пред локалот се тргнати од улицата.

Од институциите нема информација дали има некаква трага од вооружената група која вчера упадна во овој локал. Од Обвинителството соопштија само дека се собрани сите траги и докази кои ги оставиле петорицата кои го извршија вооружениот напад.

Синоќа кафулето беше окполено од полиција, а блокирани беа и пристапите до Старата чаршија. Безмалку во ист број со полицајците, во Старата чаршија до доцна во ноќта беа собрани и граѓани од кои многумина се претставија дека се роднини и пријатели на убиените.

Слични објави