Запален автомобил во близина на „Илинденска“

од Вести365.МК | С.З.

На паркинг на булеварот Илинденска бил запален автомобил. Голф, кој бил во сопственост на 40-годишен скопјанец е речиси целосно изгорен. Поради силината на огнот, пожарот зафатил и друго возило.

МВР посочуваат дека од пожарот било зафатено и патничко возило ‘тојота селика’, со скопски регистарски таблички, сопственост на А. М. (40) од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Како настанал пожарот и дали е намерно запалено возилото – ќе открива полицијата по увидот.

Слични објави