Земјите-членки на Европската унија одобрија нови правила со кои ќе се намали разликата во платите меѓу мажите и жените.
Законот за транспарентност на платите ќе помогне да се намали разликата во платите меѓу половите и борбата против дискриминацијата во платите, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.
Жените во ЕУ во моментов заработуваат во просек 13 отсто помалку од мажите, се додава во соопштението.
Законот содржи обврзувачки мерки кои ги принудуваат компаниите со повеќе од 250 вработени да известуваат годишно за разликата во платите меѓу мажите и жените.
Доколку разликата во платата е поголема од пет проценти и не може да се оправда со објективни критериуми, компаниите ќе мора да преземат мерки за намалување на разликата во соработка со претставниците на вработените.
Другите мерки ќе ги обврзат компаниите да објават плата кога објавуваат позиции и ќе им забранат да ги прашуваат кандидатите за нивните минати плати.
При вработување, работниците ќе имаат право да побараат и од работодавците информации за висината на просечната плата по пол, за оние кои вршат иста работа или работа со иста вредност.
Во случаите на платежна дискриминација врз основа на пол, товарот на докажување се префрла на работодавачот, кој потоа мора да докаже дека правилата за еднаква плата не се прекршени.