Ескалираа протестите во Франција, 123 полицајци повредени во насилните протести

Синдикалните здруженија го алармирале претседателот на Франција, Емануел Макрон, дека ситуацијата во земјата е експлозивна поради бројните протести во неколку градови против пензиската реформа. Според податоците на полицијата на протестите денеска излегоа речиси два милиони демонстранти. Синдикатите велат дека биле 3,5 милиони.

Граѓаните се незадоволни од пензиската реформа која, меѓу другото, предвидува поместување на старосната граница за одење во пензија од 62 на 64 години. Незадоволството беше уште повеќе разгорено откако Владата ја протурка реформата без гласање во парламентот, користејќи го уставното право.

Слични објави