Еруптираше Етна, ХАОС на ареодромот во Катанија

од Вести365.МК Ј.Р.

Аеродромот во Катанија ги прекина сите летови во неделата откако вулканската пепел од ерупцијата на вулканот Етна ја покри пистата.

Тие во понеделникот наутро на Твитер објавија дека ќе започнат со летови по 9 часот, но сегашните податоци покажуваат дека многу летови се одложени.

Многу патници се заглавени на Сицилија поради ерупцијата, меѓу кои и најмалку 100 граѓани на Србија, пишува српски Курир. Патниците се згрижени и сега треба да чекаат да се стабилизира сообраќајот по бројните откажани летови.

Како што пишува Си-Ен-Ен, ерупцијата стивнала во неделата навечер, но не може да се предвиди кога повторно ќе се разгори. Вулканската пепел и облаците од вулканска пепел се голема закана за воздухопловството, бидејќи покрај намалената видливост, можат да предизвикаат и дефекти на моторот. Исландската ерупција во 2010 година, исто така, доведе до промена на прописите во случај на ерупции.

Слични објави