Нови шампион во Саудиска Арабија е Ал-Итихад, кој со убедлива победа од 3-0 го совлада Ал Фејха. Со оваа победа, Ал-Итихад има недостижни пет бода предност пред Ал-Наср, тимот на Кристијано Роналдо.
Шараили и Ромарињо беа расположени и го совладаа голманот на Ал Фејха, Стојковиќ, со по еден гол во третата и во последната минута од првото полувремето. Во 86-тата минута, Ромарињо уште еднаш погоди за конечни 3-0 во корист на Ал-Итихад.
Со овој пораз, Ал Фејха остана на 30 бода, со само три бода предност пред зоната за испаѓање. Тие ќе мораат да се борат за опстанок во последното коло против Ал Вехда.
Кристијано Роналдо повторно беше дел од нападот на Ал-Наср во натпреварот против Ал Етифак. Натпреварот заврши со нерешен резултат 1-1, а можеме да кажеме дека Дарко Велковски успеа да го сопре Роналдо. Нијакате го доведе Ал Етифак во водство во 43-тата минута, а Луиз Густаво израмни за Ал-Наср во 56-тата минута.