Една жена загина, а седум лица се повредени во стампедо на рап концерт

од Вести365.МК Ј.Р.

Во метежот од преплашени посетители на рап концерт во Рочестер, во близина на Њујорк, една жена загина, две се во животна опасност, а уште седум лица се хоспитализирани поради повреди, соопшти американската полиција.

Посетителите на концертот, на кој претходно се појавиле рапери од Мемфис, почнале да бегаат во паника поради неоснован страв од пукотници.

Толпата се упатила кон излезите од концертната област околу 23 часот по локално време, изјави денеска началникот на полицијата Дејвид Смит.

„Немаме докази дека имало пукање, дека некој бил застрелан или прободен со нож на местото на настанот“, рече Смит.

Полицијата упаднала на концертното место и таму затекнала три многу тешко повредени жени. Едната 33-годишна, починала во болница, а двете се уште се во критична состојба.

Повредени се уште седум лица, кои исто така се хоспитализирани, но нивните повреди не се опасни по живот.

Слични објави