Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека размислува да ја напушти својата работа, нагласувајќи дека тоа „ќе го направи многу среќен“.
– Колку пати помислувам „ќе бидам многу среќен ако ја напуштам оваа работа“, проблемот е што тогаш се прашувате како ќе продолжи работата – рече Рама во поткастот „Фласим“.
Рече дека ужива во уметноста и разговорот, како и дека за викенд оди во пештерата Дуле без телефон, пишува порталот „Албеу“.