ДС: Конечно се отвора собраниската расправа за една изборна единица

По повеќе од две години блокада, денеска во Собранието ќе почне расправата по предлог-измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, при што останува пропорционалниот модел, без изборен праг и решение за самостоен настап на помалите етнички заедници, соопшти Демократскиот сојуз.

„Со измените се создаваат еднакви шанси за политички натпревар на партиите и независни кандидати за пратеници, се обезбедува иста тежина на секој глас и основи за демократизација на изборните правила и на државата во целина.

Составот на парламентот ќе биде одраз на волјата на граѓаните, повеќе партии и поединци ќе влијаат во носењето на круцијални одлуки, водејќи сметка за стратешките и национални прашања.

Ги повикувам сите предлагачи и пратеници да се вклучат во расправата и преку сериозна и аргументирана дискусија да се одлучува“, соопшти Демократскиот сојуз.

Слични објави