Денеска училиштата беа испразнети поради дојави за бомби, но овие лажни аларми веќе се многу чести, предизвикувајќи хаос во образованието. Учениците губат настава, наставниците се мачат да го надоместат изгубеното, а родителите се револтирани од состојбата. Според проценките на Сојузот на средношколци, во првото полугодие имало 10 недели без настава, а во училиштата каде има почесто дојави за бомби, се губат и од 3 до 5 работни дена.
Министерството за образование препорачува да се организира онлајн настава во случај на дојава, но ова го отежнува секојдневието на родителите. Проблемот со дојавите за бомби влијае и на целокупниот образовен процес, бидејќи наставниците мораат да ги надоместат изгубените часови. Постои и опасност од губење на сегменти од наставата, што е особено критично кај предметите кои се тешки да се надоместат.
Организирањето на онлајн наставата е проблематично за учениците од пониските одделенија, бидејќи родителите мора да се ослободат од работа за да ги земат децата, да ги однесат дома за да се вклучат на платформата. Од Сојузот на средношколци велат дека онлајн наставата не е замена за целокупниот образовен процес.
Ситуацијата влијае и на менталното здравје на учениците, особено кај помалите кои се соочуваат со стрес поради секојдневните евакуации. Учебната година е продолжена до 14 јуни поради зимскиот распуст, кој беше продолжен за да се заштеди на греење и за да се заштити здравјето на децата.
Дојавите за поставени бомби уште во октомври почнаа да стигнуваат на електронските адреси прво на училишта, а потоа и на други објекти. Досега сите испратени дојави за поставени бомби, по проверките, се покажа дека се лажни.