Допрва следи „римув“, му порача Шилегов на Зечевиќ

од Вести365.МК | М.Т.

И по доаѓањето на Венко Филипче на лидерската функцијата во СДСМ, се чини дека атмосферата во партијата се уште не е на завидно ниво по поразот на последните двојни избори. По обвинувањата за нелегитимноста на изборите во партијата од страна на дел од претседателските кандидати, сега се појави „конфликт“ меѓу членот на СДСМ и екс-градоначалник, Петре Шилегов и бившиот генсек на партијата, Миле Зечевиќ.

Шилегов обвини и објави дека Зечевиќ го тргнал од група на социјалните мрежи каде што комуницираат помеѓу себе.

-Дечкото од Серава, што мисли дека е “булдужер” од Вардар … Допрва следи „римув“…, напиша Шилегов на својот Фејсбук-профил.

Со овие нови реакции и зголемување на тензии, раздорот во СДСМ станува се поизразен. Јавноста со нетрпение очекува како ќе се развиваат овие случувања и какви ќе бидат следните потези на клучните фигури во опозициската партија, кои треба да се справат со овие внатрешни конфликти и да ја стабилизираат партијата.

Слични објави