Потпишувањето на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа е закажано за денес во 12:00 часот по локално време, изјави извор запознаен со деталите од договорот, јавува ББС.
Истиот извор додаде дека прекинот на огнот ќе стапи на сила веднаш по потпишувањето.
Израел и Хамас претходно соопштија дека се согласиле за договор за прекин на огнот и размена на заложници, што е првиот чекор во планот на Трамп за прекин на конфликтот во Газа, каде што се убиени повеќе од 67.000 луѓе.