Промена на времето се очекува од утре, кога во делови од земјава ќе има услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи, а температурите ќе се намалат за неколку степени.
Според информациите од УХМР, утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни и да добијат форма на невреме, со силен ветер и услови за појава на град.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а се очекува и постепено опаѓање на температурата.