ОВЕН
Многу интересен ден во деловниот сегмент. Некои ситуации се активираат во поголема мера отколку порано. Завршете ги најкомплицираните задачи во утринските часови. Правите планови со саканата личност. Добро ќе се забавувате доколку сте во движење.
БИК
Ова може да биде продуктивен и исполнет ден, но направете го најголемиот дел од она што треба да го направите наутро. Не дозволувајте тврдоглавоста на вашите колеги да ве кочи. Некој може да ви го признае својот интерес, веројатно преку деловниот сегмент.
БЛИЗНАЦИ
Доста голема количина на обврски, но помошта е тука и денес. Можете да побарате услуга од вашите колеги, бидејќи тие се подготвени да ви излезат во пресрет, а вие сте и многу убедливи. Голема страст во контакт со саканата личност. Одлично за нови познанства, социјални мрежи.
РАК
Не можете да влијаете на некои ситуации, па можете само да се прилагодите на околностите и на другите. Ќе мора да го почитувате и исполните она на што сте се обврзале. Во емотивните врски, може да почувствувате одреден притисок или посесивност од партнерот.
ЛАВ
Контактите со соработниците и колегите се доста интересни, лесни и се чувствувате поопуштено. Добрата атмосфера носи и добри зделки. Емоционално – феноменално расположение. Добар ден за флерт и авантура. Посебно вечерните часови ви се многу интересни.
ДЕВИЦА
Некои ситуации изгледаат напорни, но добро организирајте се и почнете да ги решавате една по една. Ќе видите сами дека ќе успеете да направите се што сте замислиле. Во емотивните врски функционирате според принципот на страст. Можности за нови познанства, флерт.
ВАГА
Единствено на што треба да внимавате е контактот со шефовите. Можете да бидете и критичар. Добри можности за финансиски приливи, но и за зделки кои ќе се покажат како профитабилни. Емотивно – размислувате за минатото и може да бидете незадоволни.
СКОРПИЈА
Ви се појавуваат некои можности кои не сакате да ги пропуштите и ќе се докаже дека сте апсолутно во право. Извонредни шанси, зделки и контакти. Емотивно – не знаете како да започнете комуникација која моментално е во мирување.
СТРЕЛЕЦ
Вашите планови не одат баш како што сте замислиле. Ве очекува многу работа и најверојатно притисок од властите. Емотивно – личноста со која имате заедничко минато многу често ви е на ум. Сè ќе ве „влече“ да иницирате контакт со неа.
ЈАРЕЦ
Имате големи планови и можете да реализирате барем еден дел од нив. Не дозволувајте вашите шанси да исчезнат. Се повеќе размислувате за една личност и денес веројатно ќе го направите првиот чекор, но прво ќе треба да ја соберете целата своја храброст.
ВОДОЛИЈА
Ќе се обидете да внимавате на плановите кои сте ги запоставиле или сте ги оставиле за подобро време. Ве следат интересни контакти во деловниот, но и емотивниот сегмент. Некој ќе се движи кон вас, а вие со задоволство ќе го прифатите ова додворување.
РИБИ
Можете да направите многу во однос на комуникацијата со деловните партнери. Договарање важни состаноци или договарање на проекти. Задолжително поканете ја личноста која ви се допаѓа на состанок или барем одржувајте комуникација со нив.