ОВЕН
Ќе се надевате дека ќе успеете да ги завршите задачите, бидејќи сте направиле добар план за активностите во денот, но бидете сигурни дека ќе следат одвлекувања и ќе треба да брзате и да се приспособите во лет. Една личност реагира позитивно на вашето додворување, активирајте се.
БИК
Прилично сте смирени во контактите со луѓе кои ви се важни на деловен план, иако во некои моменти би „скокнале од кожа“ поради бавноста со која се развиваат вашите планови. Повремена напнатост, но успевате да одржите добра рамнотежа. Флертување преку работата.
БЛИЗНАЦИ
Во деловниот сегмент потребно е да бидете фокусирани, и да слушнете што се бара од вас. Умот ви талка, па можно е да направите грешка или пропуст. Денес им давате приоритет на пријателите и општеството, вашата сакана личност зазема втор план.
РАК
Се трудите да бидете рационални и практични, но тешко ви е. Во овој момент сте премногу емотивни и нерасположени и лесно ја впивате енергијата на околината. Можни се конфликти со претпоставените. Недоволна комуникација со саканата личност.
ЛАВ
Не ви се допаѓа некој кој се обидува да го заземе вашето место во деловен проект. Се сметате себеси за лидер и личност која најдобро ја познава темата. Не бидете нервозни, има полесни начини да ја решите ситуацијата. Добар однос со саканата личност.
ДЕВИЦА
Сега е вистинското време да побарате некого да ви возврати. Нема потреба да се двоумите и да размислувате двапати. Се трудите да постигнете добра комуникација со саканата личност, но прилично сте нервозни и тоа понекогаш го пренесувате и на врската.
ВАГА
Надминете го вашето внатрешно расположение, енергијата што ја имате денес свртете ја кон важни деловни прашања. Одличен момент е за комуникација со партнерите, убедливи сте и полни со самодоверба. Некој ве гледа и вие тоа го забележувате.
СКОРПИЈА
Сакате да скокате од кожа од нервоза, бидејќи некои одолговлекуваат и доцнат со обврските кон вас. Не дозволувајте ваквото расположение да ве „влезе“ бидејќи нервозата можете да ја пренесете и на вашите емотивни односи. Не лути се, не е виновна твојата сакана личност…
СТРЕЛЕЦ
Зафатени сте со размислување како да поправите договор или деловна соработка. Вашите идеи се одлични, но можеби сè уште не е вистинското време да ги презентирате. Треба да бидете поотворени во комуникацијата со саканата личност, тие не можат да ви ги читаат мислите.
ЈАРЕЦ
Важно ви е да започнете преговори или договори со луѓе со кои би сакале да остварите посилна соработка. Одлично време е за активирање, нема причина за страв и вознемиреност. Со партнерот ситуацијата е малку понапната, но лесно можете да дојдете до решение.
ВОДОЛИЈА
Со нетрпение очекувате вести или информации и може да се разочарате ако не е она што го посакувавте. Потиснете го разочарувањето – сè уште има можности. Малку сте психички исцрпени и можеби нема да можете да бидете доволно активни и расположени кога ќе го сретнете партнерот.
РИБИ
Време е да станете поактивни околу деловната соработка. Неопходно е да се договорите за дополнителни услови, или да се обидете да вметнете нешто што ви е важно како услов. За жал, резултатите ќе бидат променливи, затоа не очекувајте премногу. Правете го она што зависи од вас.