Овен
Љубов:
Ако се чувствувате резигнирано, размислете што сте згрешиле кон блиска личност. Никој не е безгрешен или совршен.
Работа:
Потребна ви е добра концентрација и моќ на перцепција во различни ситуации. Потпрете се на вашето богато искуство.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови добар сон, обрнете внимание на соништата.
Бик
Љубов:
Во емотивна смисла ве очекува ново задоволство кое ќе го одбележи вашиот однос со саканата личност.
Работа:
Секогаш постои полесен и потежок пат до успехот, затоа прифатете корисна идеја предложена од вашите колеги.
Здравје:
Вие сте во одлична форма.
Близнаци
Љубов:
Понекогаш е тешко да се повлече јасна линија или да се постави знак за еднаквост помеѓу гласот на разумот и неконтролираните емоции.
Работа:
Побарајте успешна личност од вашата околина и не преземајте ризици без итна потреба. Завршете ја работата што ја започнавте во даденото време.
Здравје:
Ќе ви годи психолошка релаксација и опуштање.
Рак
Љубов:
Понекогаш треба да ризикувате, особено ако блиска личност ве инспирира да го направите тоа. Потпрете се на вашите чувства.
Работа:
Умеете да оставите сериозен впечаток на околината и да ги организирате колегите на акција. Значи, без двоумење.
Здравје:
Важно е да одговарате на вашите желби и можности.
Лав
Љубов:
Има личност која предизвикува силни емоции кај вас, насочете ги мислите кон заеднички теми. Уживајте со блиска личност.
Работа:
Нема потреба да избрзувате со заклучоци врз основа на првиот впечаток, почекајте го вистинскиот момент. Имате доволно искуство за да се заштитите од лоши влијанија.
Здравје:
Радоста на срцето е исцелувачка во секој поглед.
Девица
Љубов:
Премногу се грижите без причина, партнерот во моментот не сака да ви ги доверува своите мисли или чувства. Бидете трпеливи и тактични.
Работа:
Без разлика на вашата снаодливост на деловните состаноци, постојат работи кои не одговараат на вашата првична проценка.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови добар сон, обрнете внимание на соништата.
Вага
Љубов:
При средба со саканата личност, нема причина да се инсистира на некои споредни настани.
Работа:
Консултирајте се со соработниците пред да донесете конечна одлука. Повеќе глави можат да дојдат до подобро решение.
Здравје:
Ќе ви годи релаксација или средба со пријателите.
Скорпија
Љубов:
Не дозволувајте сомнежот кон вашата сакана личност или лошото расположение да преовладува во вас. Потребна ви е позитивна ориентација.
Работа:
Се наоѓате во необична деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имате засега остануваат незадоволително одговорени.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со напорни обврски.
Стрелец
Љубов:
Латентната несигурност што ја чувствувате произлегува од емоционална слабост или неможност одлучно да се спротивставите на блиската личност.
Работа:
Треба реално да ја процените ситуацијата на деловната сцена. Постапувате претпазливо и не верувате во се што гледате или слушате кога се среќавате со колегите.
Здравје:
Избегнувајте ситуации во кои чувствувате психолошки притисок.
Јарец
Љубов:
Обидете се да бидете неодоливи за личноста која го привлекува вашето емотивно внимание. Осмислете интересна и романтична забава.
Работа:
Ако сте доволно одговорни, не дозволувајте нечија приказна да ве поколеба. Постапувајте според вашата совест.
Здравје:
Зрачите со позитивна енергија.
Водолија
Љубов:
Импулсивно реагирате кон блиска личност, мора да имате трпение и разбирање за нечии слабости.
Работа:
Дипломатијата понекогаш станува неизбежна, но сакајќи да оспорите нечие мислење, ви недостасува вистинската мерка.
Здравје:
Потребна ви е психолошка рамнотежа.
Риби
Љубов:
На вас влијае нечие однесување или одлука. Се обидувате да го потиснете вашето лошо расположение, иако навистина не успевате.
Работа:
Имате убедливи аргументи, но некому не му е грижа што вистината излезе на виделина. Очекувајте тешки преговори.
Здравје:
Посветете ги вечерните часови на вашето омилено хоби и релаксација.