ОВЕН
Љубов:
Треба да му објасните на партнерот што влијае на вашата ненадејна загриженост или резигнираност. Не ги потиснувајте вашите чувства.
Работа:
Не дозволувајте некој друг да зборува за вас, проценете кога треба да ја преземете контролата врз важни настани.
Здравје:
Обидете се да акумулирате позитивна енергија, опуштете се.
БИК
Љубов:
Светот околу вас изгледа многу подобро или поубаво кога сте во позитивна средина и со блиска личност.
Работа:
Важно е да ја задржите вашата присебност и да ја поправите вашата грешка. Размислете на кого треба да се обратите за поддршка.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со „тешки мисли“.
БЛИЗНАЦИ
Љубов:
Слушајте повнимателно и анализирајте ја пораката на партнерот. Не игнорирајте нечии зборови.
Работа:
Понекогаш е тешко да се признае поразот, но тоа е првиот чекор што води до психолошко олеснување.
Здравје:
Избегнувајте импулсивни реакции.
РАК
Љубов:
Избегнувајте напнати ситуации при средба со саканата личност, важно е меѓу вас да има добри намери.
Работа:
Ако сакате да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, треба да имате прецизни цели.
Здравје:
Обидете се правилно да ја насочите вашата позитивна енергија.
ЛАВ
Љубов:
Емоционалното задоволство доаѓа од средбата со саканата личност. Изгледате занесно и успевате да привлечете нечие внимание.
Работа:
Некој во вас поттикнува креативна љубопитност и желба за ново знаење. Прифатете ја корисната идеја за соработка.
Здравје:
Важно е да ги усогласите вашите мисли и чувства.
ДЕВИЦА
Љубов:
Уживате дополнително внимание и размена на нежности во врската со саканата личност. Некој ги освојува вашите симпатии и емоционална наклонетост.
Работа:
Нема причина да ги мистифицирате вашите деловно-финансиски планови или да игнорирате туѓо присуство и влијание.
Здравје:
Почестете се со повеќе релаксација, ќе ви годи прошетка во природа.
ВАГА
Љубов:
Некој не ги исполнува вашите емоционални очекувања, но вие сте толерантни и со разбирање кон личноста која ја користи вашата добра волја.
Работа:
Бидете мудри и прифатете нечиј совет за да спречите дополнителни компликации. Околината не ги разбира целосно сите ваши идеи.
Здравје:
Обрнете внимание на поправилна исхрана.
СКОРПИЈА
Љубов:
Размислете како треба да го шармирате или да му угодите на вашиот љубовен партнер.
Работа:
Немојте да бидете наметливи пред соработниците, навреме побарајте нечија морална или материјална поддршка.
Здравје:
Ќе уживате во психофизичка релаксација и некоја спортска активност.
СТРЕЛЕЦ
Љубов:
Важно ви е да се наметнете како авторитетна личност во друштво на саканата личност. Упорно се обидувате да влезете на нечија „љубовна патека“.
Работа:
Соработниците ве критикуваат дека ги ставате вашите лични интереси на прво место или честопати практикувате самоволие.
Здравје:
Контролирајте ја вашата импулсивна природа и нервоза.
ЈАРЕЦ
Љубов:
Ве привлекува комбинација од емотивна, страсна и интелектуална поврзаност, но на личноста која е во вашето друштво и недостига нешто од тоа.
Работа:
Во односите со соработниците има спорни моменти, па нечии ветувања подлежат на нагли промени.
Здравје:
Поширокиот социјален ангажман позитивно влијае на вашата ментална рамнотежа.
ВОДОЛИЈА
Љубов:
Се повеќе почнува да ви пречи нечие присуство или однесување. Сакате да ја совладате целата ситуација.
Работа:
Збунети сте од одговорите што ги добивате од колегите, бидејќи секој има своја верзија на приказната или лични интереси што ги доведува во заедничка корист.
Здравје:
Избегнувајте стресни и напорни ситуации.
РИБИ
Љубов:
Недоразбирањата кои ве следат во љубовниот живот не се безначајни, но не се тема која треба упорно да се повторува.
Работа:
Претерувате со различните барања што им ги поставувате на вашите соработници. Ве очекуваат негативни коментари и нечие незадоволство.
Здравје:
Изгледате напнато, психолошката релаксација ќе ви годи.