Овен
Љубов:
Во одредени ситуации со вас страда некој близок, но вие тоа упорно го негирате со намера да ги промените работите во ваша корист.
Работа:
При средбата со колегите изгледате сомнително. Ако премногу се оддалечувате од вообичаените теми, ве очекуваат дополнителни компликации.
Здравје:
Прекумерната грижа лошо влијае на вашата концентрација.
Бик
Љубов:
Бидете доволно имагинативни и смислете интересна забава за двајца.
Работа:
Направете се што е потребно за да искомбинирате убави со корисни ситуации во различни насоки.
Здравје:
Се е можно кога се има добра волја.
Близнаци
Љубов:
Понекогаш вашиот партнер не ги разбира сите ваши идеи, треба да ги разјасните вообичаените недоразбирања.
Работа:
Ве привлекуваат големи предизвици, во вас е поттикнат натпреварувачки импулс и не можете да се задоволите со просечни резултати.
Здравје:
Подобрете ја вашата психофизичка подготвеност.
Рак
Љубов:
Изгледате вознемирено, барате нечија прошка и избегнувајте емотивно ривалство. Контролирајте ги вашите импулси.
Работа:
Не можете да ги измамите колегите со приказна која ја импресионира вашата суета и да игнорирате нечија остроумност.
Здравје:
Ќе уживате во релаксација со вашето омилено хоби.
Лав
Љубов:
Психолошката фаза низ која поминувате има позитивно влијание врз вашиот љубовен живот. Со други очи гледате на светот околу вас.
Работа:
Во повеќето ситуации, можете да ги прилагодите критериумите според вашите интереси и да се борите за подобри услови.
Здравје:
Обрнете внимание на некоја весела и забавна содржина, опуштете се.
Девица
Љубов:
Се грижите без вистинска причина, вашата сакана личност не сака да ви ги доверува своите мисли. Но, постапките зборуваат многу за чувствата.
Работа:
Кога работите не одат во посакуваната насока, ја губите мотивацијата, а нечија критика има спротивен ефект.
Здравје:
Треба да ја подобрите концентрацијата.
Вага
Љубов:
Имате впечаток дека вашиот партнер упорно крие одредени детали или вистина, што дополнително влијае на вашето мрзоволно расположение.
Работа:
Нема потреба да ги обвинувате другите за вашиот деловен неуспех, не бидете неправедни кон личност чии намери не ги знаете доволно.
Здравје:
Избегнувајте премногу напорни или стресни ситуации.
Скорпија
Љубов:
Нечие присуство или провокативно однесување почнува да ви пречи. Сакате да доминирате во целата ситуација во емотивната врска.
Работа:
Понекогаш е тешко да се каже кој тим победува, а кој губи. Збунети сте од одговорите што ги добивате од вашите соработници, бидејќи секој има своја верзија на приказната.
Здравје:
Избегнувајте стресни и напорни ситуации.
Стрелец
Љубов:
Не давајте ветувања што не можете да ги исполните. Насмевките и емотивните желби не значат многу, доколку нема цврста намера.
Работа:
Се обидувате да ги исправите деловните грешки, нема причина премногу да зборувате за вашите планови. Важни се резултатите, а не коментарите.
Здравје:
Ќе ви годи излегување, прошетка или престој во природа.
Јарец
Љубов:
Изгледате вознемирено, но за разлика од вас, вашиот партнер точно знае што сака или што чувствува. Затоа, не дозволува менување на заедничките планови.
Работа:
На пропуштената шанса не треба да се гледа како на голема загуба, туку како на добар поттик за идните деловни и финансиски планови.
Здравје:
Планирајте ја вашата омилена забава како поттик за вашето добро расположение.
Водолија
Љубов:
Контролирајте ги негативните страсти во емотивната врска и не дозволувајте некој да ве наведе на погрешно однесување.
Работа:
Важно е да ги поставите вашите идеи на вистинското место, за сите околу вас да бидат среќни и задоволни. Поттикнете го вашето креативно расположение.
Здравје:
Ќе ви годи престој во природа или некоја спортска активност.
Риби
Љубов:
Ви недостига трпение, а на партнерот му недостасува храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги меѓусебните страсти.
Работа:
Не ви се допаѓа нечија улога на деловните состаноци, но не треба да се оптоварувате со проценување на туѓите вредности.
Здравје:
Обрнете внимание на правилната исхрана.