Овен
Љубов:
Смислете добар план и оригинален настап кој треба да задоволи блиска личност. Важно е да направите добар избор во секој поглед.
Работа:
Доколку сте заинтересирани за нови деловни предизвици, потребна ви е добра проценка. Користете ја „моќта на сугестијата“ во преговорите.
Здравје:
Поттикнете го вашето добро расположение.
Бик
Љубов:
При средбата со саканата личност, покажете искрени намери, разбудете некои „заспани“ желби и емоции.
Работа:
Поттикнете ја вашата љубопитност, но не преминувајте преку „ѕидовите на вистината“. Ве очекува поучно искуство во деловната соработка.
Здравје:
Одржувајте добро расположение и позитивна ориентација.
Близнаци
Љубов:
Наспроти ваша волја се согласувате на компромисно решение или на варијанта предложена од вашиот партнер.
Работа:
Ја одложувате работата поради една личност, но услугата што ја правите не е добро решение.
Здравје:
Ќе ви годи релаксација.
Рак
Љубов:
Трпеливо сочекајте нечиј повик или присуство на вашиот партнер. Има ситуации кои не можете да ги забрзате и да ги промените во ваша корист.
Работа:
Избегнувајте ривалство или натпреварувачка атмосфера, важно е да одржувате позитивен однос со блиските соработници.
Здравје:
Обидете се да ја подобрите вашата концентрација.
Лав
Љубов:
Размислете како да ги надминете семејните недоразбирања. Насмевката на задоволство на лицето на партнерот ве прави среќни.
Работа:
Изгледате оптоварени со разни обврски, па ви недостигаат дипломатски манири пред колегите.
Здравје:
Ќе ви годи релаксација или престој во природа.
Девица
Љубов:
Покажете повеќе разбирање и нови изливи на нежност кон вашата сакана личност. Некој ги освојува вашите симпатии и емоционална наклонетост.
Работа:
Нема причина да ги мистифицирате вашите деловно-финансиски планови или да игнорирате нечие присуство и покана.
Здравје:
Почестете се со некои „убави ситници“ како рецепт за добро расположение.
Вага
Љубов:
Слушајте повнимателно и анализирајте ја пораката на партнерот. Не игнорирајте нечии зборови.
Работа:
Понекогаш е тешко да се признае поразот, но тоа е првиот чекор што води до психолошко олеснување.
Здравје:
Избегнувајте импулсивни реакции.
Скорпија
Љубов:
Некој ве возбудува и ви го привлекува вниманието повеќе отколку што сте подготвени да признаете. Изгледате мистериозно.
Работа:
Со неколку добри потези можете да направите повеќе од вашите соработници. Можете да ги постигнете вашите намери на различни страни.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Стрелец
Љубов:
Партнерот делува арогантно и ги преувеличува своите ветувања. Со таквото однесување поттикнува нов сомнеж кај вас и дополнително ве загрижува.
Работа:
Лесно е да се направи погрешен избор, затоа внимавајте на нечиј совет. Нема причина да го форсирате вашето мислење и проценка.
Здравје:
Важно е да ја задржите вашата смиреност и позитивна нота во вашето расположение.
Јарец
Љубов:
Нема причина да се истакнувате во друштво на саканата личност. Работите сами ќе си дојдат на свое место, бидете трпеливи.
Работа:
Размислете за корекција на деловните правила, потребно ви е ново и поефикасно решение.
Здравје:
Внимавајте на поздрав начин на исхрана, консумирајте повеќе витамини.
Водолија
Љубов:
Ве очекува пријатно изненадување во средбата со саканата личност. Бидете доволно имагинативни и инспиративни во секој поглед.
Работа:
Изгледате весело и имате добри идеи. Важно е да чувствувате психолошка или материјална сигурност.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Риби
Љубов:
Вашата гордост излегува на површина и тоа е позитивен знак во љубовниот дијалог. Можете да натерате некој да ги следи вашите желби.
Работа:
Не дозволувајте некој да се сомнева во вашето знаење или професионални способности. Важно е да го следите основниот протокол и туѓиот предлог.
Здравје:
Обрнете внимание на поздрав начин на исхрана.