Овен
Љубов:
Смислете добар план и оригинален настап кој треба да задоволи блиска личност. Важно е да направите добар избор во секој поглед.
Работа:
Доколку сте заинтересирани за нови деловни предизвици, потребна ви е добра проценка. Користете ја „моќта на сугестијата“ во преговорите.
Здравје:
Поттикнете го вашето добро расположение.
Бик
Љубов:
Разубавете го вашето расположение со личност која одговара на вашиот вкус и сензибилитет. Желбите се остваруваат во заеднички ритам.
Работа:
Постојат работи што не треба да ги правите во афект или на импулс. Соработката е неопходна, но не по секоја цена.
Здравје:
Поттикнете го оптимизмот и добрата волја во себе.
Близнаци
Љубов:
Во одредени ситуации со вас страда некој близок, но вие тоа упорно го негирате со намера да ги промените работите во ваша корист.
Работа:
Изгледате сомнително кога се среќавате со колегите. Ако премногу се оддалечувате од вообичаените теми, ве очекуваат дополнителни компликации.
Здравје:
Прекумерната грижа лошо влијае на вашата концентрација.
Рак
Љубов:
Препуштањето на саканата личност не е знак на емоционална слабост. Се оптоварувате со погрешни идеи.
Работа:
Можете добро да процените во деловните преговори. Размислете во која насока треба да барате нови одговори и решенија.
Здравје:
Треба да се ослободите од непотребните грижи и да си ја олесните совеста.
Лав
Љубов:
„Деталите“ кои мудро ги премолчувате имаат повеќе значење од работите кои му ги соопштувате на љубовниот партнер.
Работа:
Според вас, нечија приказна делува неубедливо и претерано, па се потпирате на личното расудување и способности.
Здравје:
Треба да ја подобрите вашата кондиција.
Девица
Љубов:
Ве следи нова емотивна дилема. Не знаете дали вашиот партнер греши или едноставно изгледа сомнително за работите за кои молчи.
Работа:
Треба да пронајдете ново решение, за правилно да ги решите различните недоразбирања кои ве придружуваат при средбата со колегите.
Здравје:
Ќе уживате во повеќе часови добар сон, обрнете внимание на соништата.
Вага
Љубов:
Поставувате непотребни прашања на блиска личност и на овој начин индиректно поттикнувате ново сомневање. Нема причина за грижа.
Работа:
Во добра позиција сте да правите паралелни потези, па бидете внимателни при изборот на нови деловни теми или цели.
Здравје:
Обрнете внимание на вашите здравствени опции.
Скорпија
Љубов:
Повнимателно анализирајте ја вашата сакана личност за да откриете нови детали кои можат да ги исполнат меѓусебните очекувања.
Работа:
Соработниците очекуваат да се однесувате снаодливо. Важно е да ги рангирате деловните зделки според важноста и профитабилноста.
Здравје:
Нема причина да се грижите, потпирајте се на вашата интуиција.
Стрелец
Љубов:
Емоционалното задоволство доаѓа од средбата со саканата личност. Имате добра идеја како да привлечете нечие внимание.
Работа:
Прифатете корисна идеја за деловна соработка и докажете ги своите способности. Нема потреба да се одложува заедничкото дејствување.
Здравје:
Ќе ви годи витаминската исхрана.
Јарец
Љубов:
Изгледате напнато и вознемирено. Загрижени сте за љубовни дилеми или лошо чувство за блиска личност.
Работа:
Успешните резултати подразбираат меѓусебна доверба и долгорочна соработка. Има ситуации кои не можете сами да ги решите.
Здравје:
Ќе уживате во прошетка, применете една од техниките за релаксација.
Водолија
Љубов:
Понекогаш треба да го исклучите разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“.
Работа:
Ве погодува нечие однесување или неправда во деловната соработка. Важно е работите да завршат на добар начин.
Здравје:
Не ги задржувајте чувствата или емоционалните желби, опуштете се.
Риби
Љубов:
Контролирајте ги вашите афекти и негативни страсти во вашата врска, не дозволувајте некој да ве наведе на погрешно однесување.
Работа:
Во средбата со колегите ве очекува ново или поучно искуство. Поттикнете ја љубопитноста и креативното расположение на вашиот дух.
Здравје:
Ќе уживате во престој во природа или некоја спортска активност.