Овен
Љубов:
Некој ги одредува правилата на однесување, а вие мора да се помирите со „дадената улога“. Не ви се допаѓа тоа.
Работа:
Немојте да бидете арогантни или расипнички кога работите со соработниците. Задоволете се со просечни резултати.
Здравје:
Избегнувајте стресни ситуации и напорни обврски.
Бик
Љубов:
Нема причина да ја изгубите самодовербата, вашиот партнер наскоро ќе се премисли во ваша корист.
Работа:
Нечии изјави и морална поддршка се во ваша корист. Важно е да избегнувате „инстант рецепти“ при решавање на деловните дилеми.
Здравје:
Ќе уживате во забавата во избраното друштво, опуштете се.
Близнаци
Љубов:
Планирајте интересна забава во избраното друштво. Се е можно, кога се има добра волја и заедничка хармонија.
Работа:
Во добра психофизичка форма сте. Успехот може да се постигне преку комбинација на професионални манири, искуство и скриени средства.
Здравје:
Ќе уживате во активна улога на различни страни, зрачите со позитивна енергија.
Рак
Љубов:
Ако вашите чувства се во согласност со гласот на разумот, постапете како што налага вашата совест. Нема причина да се чувствувате виновни.
Работа:
Впечатокот што го имате за некоја личност ќе се потврди како точен. Понекогаш е тешко да се објасни вистинската причина или последица.
Здравје:
Ќе уживате во забавата и релаксацијата.
Лав
Љубов:
Имате шанса да освоите нечија наклонетост. Објаснете и на вашата сакана личност дека ги делите истите емоционални потреби.
Работа:
Во добра форма сте и многу позитивно влијаете на околината. Важно е да реагирате во вистински момент.
Здравје:
Претставете ја позитивната страна на вашата личност.
Девица
Љубов:
Во дијалогот со саканата личност, добро расудувате, важно ви е да го презентирате вашето мислење во различни ситуации.
Работа:
Потребни ви се сигурни информации кои ветуваат успешна соработка на различни нивоа или нова деловна добивка.
Здравје:
Избегнувајте ги обврските кои ве заморуваат.
Вага
Љубов:
Во приватниот живот бидете доволно внимателни во изјавите и воздржани во однесувањето пред партнерот.
Работа:
Евентуален конфликт со една личност може да се претвори во непријатна ситуација или деловно-финансиска загуба.
Здравје:
Посветете ги вечерните часови на омиленото хоби, опуштете се.
Скорпија
Љубов:
Ситуацијата што сакате да ја прикажете или наметнете како добро решение, според нечие мислење, изгледа како „лош избор“.
Работа:
Реалистично погледнете ги вашите можности и трпеливо чекајте ги условите што ви недостасуваат. Некој може да ви обезбеди деловна добивка.
Здравје:
Ќе ви годат некои од техниките за психолошка релаксација.
Стрелец
Љубов:
На средба со блиска личност, криењето на вистината само го одложува решавањето на проблемот. Постапувајте според вашата совест.
Работа:
Некој го критикува вашиот начин на работа или однесување. Потрудете се да ја завршите работата што сте ја започнале во предвидениот рок.
Здравје:
Слободното време посветете го на рекреација, опуштете се.
Јарец
Љубов:
Понекогаш треба да ризикувате, особено ако блиска личност ве инспирира да го направите тоа. Потпрете се на вашите чувства.
Работа:
Умеете да оставите сериозен впечаток на околината и да ги организирате колегите на акција. Значи, без двоумење.
Здравје:
Важно е да ги избалансирате вашите желби и можности.
Водолија
Љубов:
Партнерот ви поставува логични прашања, но вие делувате неубедливо. Сакате да се случи она што го сакате.
Работа:
Се грижите да се борите за подобар пласман или за вашето место во кругот на влијателни соработници. Имате големи амбиции.
Здравје:
Воспоставете подобра рамнотежа помеѓу вашите желби и вашите способности.
Риби
Љубов:
Изгледате носталгично и премногу размислувате за нечие отсуство. Чувствувате жалење за некои пријатни или далечни спомени.
Работа:
Еден од соработниците тактизира и ја развива деловната стратегија, а вие останувате да се занимавате со практичните аспекти и да преземете иницијатива.
Здравје:
Избегнувајте неумереност и бидете повнимателни во сообраќајот.