Овен
Љубов:
Во љубовната врска добро се знае што е чија улога. Натерајте го вашиот партнер да ги исполни вашите очекувања. Бидете категорични.
Работа:
Важно ви е да ги потврдите своите способности пред колегите, но не можете да се одлучите за најдоброто решение.
Здравје:
Треба да акумулирате позитивна енергија.
Бик
Љубов:
Отворено разговарајте со партнерот и инсистирајте на докажување на вистината. Не треба да бидете измамени со илузии.
Работа:
Во заеднички интерес е да се намали деловниот и финансискиот ризик на минимум. Правилно почитувајте го договорот.
Здравје:
Треба да се ослободите од непотребните грижи
Близнаци
Љубов:
Средбата со една личност изгледа заморно, па барате различни изговори во обид да избегнете нечие друштво.
Работа:
Мора да имате јасна претстава за вистинските вредности кои се забележуваат во деловните кругови.
Здравје:
Доколку чувствувате психолошка напнатост, вечерните часови посветете ги на омилената тема и релаксација.
Рак
Љубов:
Нов настан или недоразбирање што ве загрижува не остава значителни последици врз односот со саканата личност.
Работа:
Човек кој размислува како вас и има слични деловни интереси нема да ви дозволи да ги постигнете вашите цели.
Здравје:
Поттикнете ги позитивните мисли во себе, опуштете се.
Лав
Љубов:
Обидете се да сочувате оптимистичко расположение и доверба во партнерот. Некој ќе ве израдува на исклучителен начин.
Работа:
Обрнете внимание на разни состаноци или интересни идеи кои имаат значително влијание врз понатамошниот тек на деловната соработка.
Здравје:
Важно е правилно да ја насочите вашата креативна енергија.
Девица
Љубов:
Сте направиле одредени грешки при средбата со блиска личност. Затоа, чувствувате каење и непријатност.
Работа:
Важно е некој да го одобри вашиот начин на размислување и да ве поттикне креативно да се изразувате во деловната соработка.
Здравје:
Потребно е да се ослободите од напорните обврски.
Вага
Љубов:
Нема потреба да бидете премногу строги или каприциозни кон саканата личност, покажете повеќе нежност и разбирање во секој поглед.
Работа:
Важно е правилно да се разбирате со колегите или јасно да ги дефинирате заедничките правила во деловната соработка.
Здравје:
Избегнувајте нездрава исхрана или прекумерно консумирање цигари и алкохол.
Скорпија
Љубов:
На моменти делувате мистериозно, но партнерот нема доволно интерес или волја да ги открие вашите мисли.
Работа:
Способни сте да воспоставите добра деловна контрола и да ги насочите настаните во насока што носи практични резултати.
Здравје:
Зрачите со позитивна енергија и добро расположение.
Стрелец
Љубов:
Во односот со саканата личност не е се како што би сакале, но се може да се подобри со поголема доза искреност и разбирање.
Работа:
Позитивните модели можат да послужат како добро решение за некои контроверзни ситуации. Побарајте некој со повеќе знаење или искуство.
Здравје:
Бидете повнимателни во сообраќајот, избегнувајте стресни ситуации.
Јарец
Љубов:
Партнерот делува многу стимулативно и знае како да ги пренасочи вашите мисли во позитивна насока. Нема причина за дополнителна загриженост.
Работа:
Приговорите што некој ви ги упатува не претставуваат голем прекршок. Ако има различни ставови, треба да ги усогласите деловните интереси.
Здравје:
Поттикнете го вашето добро расположение и веселиот дух.
Водолија
Љубов:
Избегнувајте еуфорично расположение во друштво на саканата личност, на овој начин поттикнувате нови сомнежи за вашите намери.
Работа:
Повнимателно анализирајте ги вашите соработници и нивната реакција. Понекогаш е тешко да се одреди вистинската вистина и нечии скриени намери.
Здравје:
Ќе ви годи полесна диета и витаминска исхрана.
Риби
Љубов:
Имате впечаток дека вашиот емотивен живот не е доволно интересен и возбудлив до степен до кој би сакале. Направете нешто во врска со тоа.
Работа:
Потрудете се да бидете понапред од другите соработници, кои сметаат на вашата неинформираност или непознавање на деловните можности.
Здравје:
Поттикнете позитивно расположение кај себе.