ОВЕН
Потребно е да бидете потактизирани со луѓето со кои стапувате во контакт денес. Вие лично сте променливо расположени и лесно ќе реагирате на провокациите, но и на пропустите на соработниците. Има многу емоционална напнатост. Не знаете како да му пристапите на партнерот.
БИК
Иако сте подготвени на секаков вид на компромис и договор кога е работата во прашање, сепак тешко ќе се разберете со луѓето со кои ќе дојдете во контакт. Можни се две понуди и тешко ќе се одлучи на која да и се даде приоритет. Поклопувањето со саканата личност е малку потешко.
БЛИЗНАЦИ
Денеска ќе има некои тензични ситуации во деловниот сегмент, но ќе се трудите да го задржите мирот и да не се нервирате и избрзате. Сепак, некои луѓе се премногу недокажани, дури и за вашата толеранција. Денеска може да има проблеми во комуникацијата со саканата личност.
РАК
Ќе морате да ги промените вашите планови и она што сте го зацртале. Ќе се мешаат луѓе или ситуации кои ќе ве оттргнат од рутата што сте ја планирале. Заладен однос со колегите и шефовите. Во емотивниот дел, партнерот ќе инсистира да разјасни некои за него важни ситуации.
ЛАВ
Многу сте нервозни бидејќи очекувате многу од состаноци или договори, а немате начин да знаете која е конечната одлука на другата страна. Би било одлично за вас доколку одговорот пристигне денес… Во љубовните врски денес ќе функционира само страста.
ДЕВИЦА
Успевате брзо да решите еден дел од проблемот, но не се опуштајте. Слободно сметајте на фактот дека во текот на целиот работен ден ќе мора да бидете во голема мера посветени на деловниот сегмент. Се обидувате да се прилагодите на емотивниот партнер кој е понервозен од вообичаено.
ВАГА
Уживате во убави зборови и позитивни реакции од шефовите или колегите со кои сте во контакт подолго време. Одлично сте расположени, што ќе се пренесе на попладневните часови и односот со саканата личност. Другата страна тешко дека ќе ја поздрави вашата иницијатива.
СКОРПИЈА
Успевате да ја прикриете и потиснете нервозата која ве тресе од моментот кога ќе пристигнете на работа. Многу сте фокусирани на една обврска, чие завршување многу зависи од вас. Опуштете се малку, се ќе завршите на време. Мора да бидете потактизирани со саканиот, не го нервирајте со вашите изјави.
СТРЕЛЕЦ
Што и да правите и колку и да се трудите, никогаш нема да бидете целосно задоволни. Денес вие самите сте најголемиот критичар. Во вечерните часови има феноменална љубовна можност доколку сте сами. Не заборавајте да поканите некој што ви е привлечен.
ЈАРЕЦ
Можеби ќе сфатите дека нема потреба да бидете толку нервозни за луѓето со кои работите, но едноставно не можете да си помогнете денес. Повеќе од веројатно е дека ќе има неразумни тензии со колегите. Во контакт со емотивен партнер, покажете ја нежна страна на вашата личност…
ВОДОЛИЈА
Очигледно е дека можете да завршите со многу повеќе од она што сте го планирале. Но, забележливо е и дека просторот за грешки и недоразбирања е отворен, затоа внимавајте. Контролирајте ја нервозата во односите со саканите. На емотивниот партнер нема да му се допаднат вашите промени во расположението.
РИБИ
Уште еден ден кога ќе ви биде лесно да се закопчате под тежината на деловните обврски и да се впуштите во едно од вашите мрачни расположенија. Една личност се обидува да ви се доближи, но вие изгледа не забележувате. Во основа – вие сте премногу самобендисани.