ОВЕН
Презедовте премногу обврски и прашање е дали ќе успеете да постигнете макар и дел од планираното. Одвојте повремено време за одмор и организирајте ги понатамошните обврски. Денеска во емотивните врски може да се појават посесивност и љубомора.
БИК
Променливо сте расположени, бурно реагирате, како многу да сте насобрале и повеќе не поднесувате да молчите. Напнат однос со емотивен партнер, некои зборови можат да направат вистински хаос во вашата комуникација.
БЛИЗНАЦИ
Тоа чувство дека не можете да постигнете нешто што го „кршите“ ќе ве придружува во првиот дел од денот. Може да бидете преоптоварени, но нема потреба – сè е на време. Денеска може да потрошите голема сума на пари за што подоцна ќе зажалите.
РАК
Наутро нема да знаете по кој пат ќе одите. Се случуваат некои промени во договорите и соработките и имате чувство дека партнерите ве притискаат и ве оптоваруваат со барања. Слична ситуација ќе биде и во врската со саканата личност. И на двајцата ви треба релаксација.
ЛАВ
Лавовите денес вредат секој денар. Но прашање е колку вашата вредност ќе вроди со плод, со оглед на тоа што некој ви го уништува бизнисот со своите интервенции. Тоа може да бидат колеги кои „те зедоа на задача“ или некој што се поставува како конкурент. Љубомора во емотивните врски.
ДЕВИЦА
Чувствувате голем притисок да ги завршите задачите навреме и ќе се распаднете обидувајќи се да направите сè совршено и беспрекорно. Малку претерувате во ставовите кон колегите, но токму такви сте. Чувствувате силна страст за една личност, но двоумете се да иницирате состанок.
ВАГА
Излегува дека денес сите решиле да ве изнервираат. Има денови кога ништо не оди како што треба и кога се е наместено дополнително да ве успори и да ви ги кине нервите. Што да ви кажам – само полека и трпеливо, и овој ден ќе дојде до крајот.
СКОРПИЈА
Ве нервира тоа што треба да ги промените плановите, бидејќи во меѓувреме се случија работи кои ве туркаат во друга насока. Ајде, не лути се и направи магаре од комарец. Понекогаш навистина непотребно ги драматизирате и преувеличувате работите.
СТРЕЛЕЦ
Во голема брзање сте бидејќи ги правите последните подготовки за некој проект. Токму кога мислите дека сте готови, се појавува нешто ново што треба да го поправите или рафинирате. Не грижете се, сета оваа нервоза ќе ја заборавите во прегратките на саканата личност, некаде во доцните вечерни часови.
ЈАРЕЦ
Направивте одлични планови. Незгодно е што веројатно се ќе остане само на плановите, а имплементацијата ќе биде повеќе од слаба. Но, барем ќе видите кои луѓе се на ваша страна, а кои не. Во врска со емотивен партнер затоа ќе бидете комуникативни и расположени.
ВОДОЛИЈА
Можеби денес нема да можете да завршите се што сте планирале, но далеку сте од лошо расположени. Сепак, некои ситуации ќе ве „подигнат“ и ќе ви донесат надеж дека ќе можете да го завршите ова во наредните денови. Има одлична можност за ново, прекрасно познанство!
РИБА
Се очекува да бидете расположени, иако ќе се мачите со некои деловни обврски и ќе ги завршите во последен момент. Чувствувате неверојатен емотивен импулс и интензитет и би било вистинска штета да не ја споделите сета оваа страст со саканата личност.