Динамо Загреб освои нова шампионска титула во Хрватска откако ремизираше без голови во вчерашниот дерби натпревар против екипата на Хајдук во Сплит. Тој бод го донесе шестиот трофеј во низа во домашното првенство за „модрите“.
Капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, беше радосен поради оваа победа и изјави дека ова е можеби најсладок трофеј во неговата кариера. Нивниот пат до титулата не беше лесен, со многу проблеми, вклучувајќи ги и заминувањата на некои од нивните играчи како и нашиот фудбалер Адеми. Сепак, тимот на Динамо Загреб го освои трофејот и Ристовски ја пофали хемијата меѓу нив и нивните навивачи кои беа на нивната страна во текот на тешката сезона.

„Возбуден сум. Им честитам на моите колеги и на целиот клуб на тешката сезона. Имавме многу проблеми, ни замина Адеми кој исто така е заслужен за овој трофеј. Горд сум затоа што ова е еден од моите најслатки трофеи во кариерата“, рече Ристовски.