Градоначалникот на Куманово и претседател на ЗНАМ, Максим Димитриевски бара и јавна осуда од сите функционери, но и кривична одговорност за вчерашното уништување на македонското знаме.
Секогаш како човек сум го сакал своето а почитувал туѓото! Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од албанската заедница го честитав денот на албанското знаме а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници.
За жал, тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на Законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и македонско знаме е за секаква осуда. Јавно ги осудувам ваквите настани и барам од институциите на прогонот да истите вакви поединци и групи ги открие и изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според закон. Истото го очекувам и за мои колеги градоначалници на кои оваа не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност.
Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија како и сите представници на меѓународната заедница. По оваа денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса? Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон.
Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата и треба да одговараш.
На крајот Македонија ќе победи, да живее МАКЕДОНИЈА!, порача Димитриевски.