Државната изборна комисија (ДИК) денеска почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај.
Досега ДИК од поднесените приговори од коалицијата „Влен“ еден прифати, а еден отфрли. За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.
Прифатениот приговор се однесува за гласањето на избирачкото место 2102 во Желино. А, како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.
Во шестката Вреди има 7 пратенички мандати а Коалицијата предводена од ДУИ 9.
-Дури 110 гласачи од ова избирачко место своето гласачко право ги имаат остварено со идентификација преку уредот за биометриска идентификација, која бројка е надминување на дозволениот лимит. – Сенат Амети – Претставник на Вреди