Десетина повредени во инцидентите во северно Косово

од Вести365.МК Ј.Р.

Во болницата во Косовска Митровица е потврдено дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани се повредени десетина лица, јави дописникот на РТС.

Во моментов ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична и се заканува да ескалира, јави дописникот на РТС.

Cирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога градоначалници од албанска националност требаше да стапат на должност.

Слични објави