Делегација на СДСМ оддаде почит на гробот на великанот Гоце Делчев

од Вести365.МК Ј.Р.

Делегација на СДСМ во состав Вангел Андрески организационен секретар на СДСМ, Рената Јајоска, членка на ИО на СДСМ и Радица Андоноска од СДММ положи свежо цвеќе и оддаде почит на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев во дворот на црквата Свети Спас во Скопје.

И по 120 години од неговата смрт, делата на херојот и револуционер Делчев остануваат трајни вредности во македонската државност и мотив за еднаквост и слобода на сите сегашни и идни генерации.Нека е вечен споменот на херојот Гоце Делчев.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Слични објави