Министерството за внатрешни работи потврди дека вечерва се случило двојно убиство во Скопје, каде две лица се усмртени, а едно е повредено во пукањето кај Кале.
Од Министерството велат дека во 20.11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.
Неофицијални информации велат дека се работело за лица добро познати на криминалното подземје. За едниот од убиените, очевидци тврдат дека се работи за извесен криминален бос – Јетон викан Жила.
МВР додаде дека полициските екипи преземаат мерки за расчистување на случајот.