Сестрата на Александар Ѓорчевски, Оли Нешковиќ на денешното рочиште раскажа како течела потрагата по внуката. Таа била сигурна дека Вања не може туку-така да замине некаде.
Сите бевме во паника, не ни беше јасно што се случило со Вања, рече Нешковиќ.
Таа рече дека Вања ја барале во близина каде што последен пат ја лоцирале со мобилниот, околу „Фитнес хаус“ на „Партизанска“.
Имаше предллог за Илон Маск, верувајте да имавме број и на Бајден ќе се јавевме. Стрината на Зорица контактирала и јасновидец. Ја изгубивме довербата во полицијата, рече Нешковиќ.