Дарија Трепова доби 27 години затвор за терористичкиот напад

од Вести365.МК | М.Т.

Дарија Трепова е осудена на 27 години затвор за терористичкиот напад во Санкт Петербург, во кој беше убиен познатиот блогер Владлен Татарски.

Судот го осуди и Дмири Касинцев, кој по нападот ја сокри Трепова во својот дом. Тој е осуден на една година и девет месеци затвор во режимска колонија.

Татарски беше убиен во експлозија во кафуле во Санкт Петербург на 2 април 2023 година.

Во кафулето била поставена експлозивна направа полна со шајки и завртки, а била насочена кон Татарски.

За време на судењето, Трепова тврдеше дека верувала дека направата што експлодирала е всушност уред за следење. Таа пред судот изјавила дека сака да се пресели во Украина, па го контактирала новинарот Роман Попков. Според истражителите, тој ја регрутирал и ја надгледувал подготовката на терористичкиот напад.

Руската ФСБ го наведе украинскиот државјанин Јуриј Денисов како уште еден соучесник. Се верува дека токму тој му ја предал минираната фигура на обвинетиот со испорака. Денисов и Попков беа ставени на бараната листа.

Слични објави