Дали жителите на Германија наскоро ќе мора да плаќаат за стоматолози од свој џеб? Раководителот на здравственото осигурување ИКК предложи да се намали бројот на услуги што ги покрива здравственото осигурување.
На неговиот предлог реагираше германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.
Првиот човек на здравственото осигурување на ИКК, кое има околу 260.000 осигуреници, предложи намалување на покривањето на услугите за пациентите.
Со оглед на дефицитот од веројатно 17 милијарди евра во законските компании за здравствено осигурување, сосема е реално зошто првиот човек на ИКК размислува за финансии.
Преку германските медиуми тој повика на кратење во три области: стоматолошки услуги, трошоци за протези и хомеопатијата.
„Би било соодветно за ситуацијата да се отстрани сета стоматолошка заштита од каталогот на услуги“, рече првиот човек на ИКК.
„Наместо да ги сносат овие трошоци, компаниите за здравствено осигурување треба повеќе да се фокусираат на превенцијата. Нездравиот начин на живот предизвикува многу болести во староста што може да се избегнат“, објасни тој.
„Ако правилно ги четкате забите два пати на ден, нема да имате речиси никакви проблеми“, вели тој.
За првиот човек на здравствено осигурување нема дилема: „Би било соодветно да се отстрани сета стоматолошка заштита од каталогот на услуги“, категоричен е тој.
Законските компании за здравствено осигурување би можеле да заштедат околу 13 милијарди евра доколку стоматолошките третмани се отстранат од трошоците. Така, осигурителните компании не би морале да штедат во други области.
Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах веќе одговори на барањето – и го одби. „Нема да има намалување на услугите“, вети тој на Твитер.
Германските медиуми јавуваат дека споменатиот шеф на осигурување примал годишна плата од 262.000 евра во 2022 година. Раководителот на релативно мало здравствено осигурување лани добил вкупен надомест од 311.166 евра.