Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни

Досега немало аргументи со кои може фактички да се утврди дека политичарите со службени возила оделе да се потпишуваат за претседателските кандидати, но секогаш кога бил прекршен етичкиот кодекс кабинетот на вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска постапувал без разлика за кого станува збор.

Грковска вели како Кабинет испратиле отворено писмо до јавноста и сите политички субјекти, дека треба да водат сметка за јасно разграничување на партиските и државните активности и да нема злоупотреба на државни ресурси и капацитети за време на политичка кампања.

Кога станува збор за опомените за користење на службените возила, освен во еден случај, видлива е промената дека се внимава, во нашиот Кабинет се јавуваат функционери за да се консултираат, дали доколку постапат некако и тие би го прекршиле етичкиот кодекс. Само за случајот со Артан Груби, сме дошле до ситуација, заради две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, да испратиме допис до премиерот, кој што треба според етичкиот кодекс да одлучи која е мерката што ќе ја изрече. Треба да се најде законско решение, ние почнавме да работиме со тоа што ќе ги врземе санкциите од кодексот со закон за да не бидеме во ситуација само да опоменуваме – рече Грковска.

Прописите се јасни за секој носител на јавна функција по однос на користењето, односно ограничувањето за користење на ресурсите. Изборниот законик пропишува во кои ситуации какви ограничувања има, изјави денеска техничкиот премиер Талат Џафери во одговор на новинарско прашање за злоупотреба на службени возила за партиски цели.

Џафери беше во работна посета на тетовско Палчиште, Општина Боговиње, а на новинарска забелешка дека за злоупотребата и прекршувањата од опозицијата е посочен министерот Артан Груби, Џафери оцени дека новинарското прашање претставува суд за посочениот функционер.

Слични објави