Груби бара ДА СКАПЕ ВО ЗАТВОР ако се корумпирал за коридорот

Јас обично работам на уставни измени и преговори и договори меѓу политичките партии, никогаш не сум мислел дека ќе зборувам во Стопанската комора, рече вицепремиерот и координарот за изградба на Kоридорите 8 и 10д Артан Груби

Според него ова е животен проект за него и дека нема никаква корупција.

„Ако се проневери еден денар, ако се корумпира еден од нас, тогаш да скапеме во затвор“, рече Груби.

На покана на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денешна тема е изградбата на Коридорите 8 и 10д и предизвиците со кои се соочува овој проект.

Груби во воведното обраќање кажа дека му е задоволство што говори во Стопанската комора и пред претседателот Азески. Кажа дека овој проект е спроведен во транспарентна постапка и дека договорот не е таен.

„Овој не прв ваков договор, мора да ги почитуваме деловните тајни на фирмата, но тоа не е криминал и корупција. Владата јавно ги објави финансиите за овој проект и во иднина ќе се објавува секој потрошен денар. Законските измени ги бараат пратениците, а не ‘Бехтел и Енка’. Овие барања произлегоа по консултации со колеги пратеници од Хрватска и регионот, како овој проект побрзо да се реализира“, рече Груби.

Слични објави