Груби: Ахмети и Заев се договорија, Македонија ќе има премиер Албанец

од Вести365.МК Ј.Р.

Вицепремиерот Артан Груби вечерва во интервју за косовската телевизија „Дукаѓини“ изјави дека земјава ќе има премиер-Албанец и дека тоа било договорено меѓу поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Дека на чело на Владата ќе застане Албанец, и тоа „за неколку месеци“, завчера најави и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на обраќање на партиски собир во Чаир.

„Во 2020 година смисливме модерна кампања, која одекна во Приштина и во Тирана, и велеше дека е дојдено времето за првиот премиер-Албанец, а ова исто така е и проект на Али Ахмети, да се скршат табуата. Дојде времето да се надминат предрасудите со избор на премиер-Албанец. Одлуката на народот беше: Социјалдемократскиот сојуз освои 46 пратенички места, ДУИ 15, а заедно имавме 61 пратеник“, рече Груби за косовската телевизија.

Слични објави