“Грешев, нема да се повтори”, стигна ново извинување по заканите за убиства оти им земаат возила што ги возат без возачки

од Вести365.МК Ј.Р.

Уште еден од демонстрантите кои се закануваа, за што премиерот Христијан Мицкоски најави „жесток одговор”, се извини јавно. Станува збор Феим Мемишовски, еден од Ромите кои протестираа во Битолско поради одземените возила на граѓани кои возеле без возачка дозвола.

Видеото со извинувањето е снимено во домашна атмосфера, а тој вели дека направил грешка и дека тоа нема да се повтори.

„Се извинувам до Владата, до претседателот, до премиерот. Пред два дена дојде син ми и ми кажа „татко, ми ја земаа колата, полицијата“. Јас од возбуда, кога ми кажа, кој и да е ова ќе го направи, ама згрешив многу, се извинувам, што се понашав така безобразно за власта и за премиерот. Се извинувам многу, грешев, и повеќе нема да ми се случи ова“, вели тој.

Слични објави