Иако звучи неверојатно, постои град во Европа кој се наоѓа во две земји истовремено, а во кој сè е поделено на половина со линија – од кафулиња, продавници, улици до куќи и станови, па дури и името на градот.
Станува збор за градот Барл, кој е поделен на Барл-Насау, кој припаѓа на Белгија, и Барл Хертог, кој припаѓа на Холандија. Имено, градот лежи на холандскиот дел од територијата, но има голем број белгиски ексклави – делови од територијата на земјата кои се целосно опкружени со територија на друга земја.
Меѓутоа, дури и во рамките на белгиските ексклави, постојат холандски ексклави, и тука настанува целосна конфузија. Градот има две цркви, две автобуски линии, два вида поштенски сандачиња, па дури и два вида пиво – белгиско и холандско.
Бидејќи линиите дури и ги делат становите, можете да живеете во две држави во исто време во ист стан, да се движите од една во друга во секунда или да стоите во двете во ист момент. Сепак, ова има свои недостатоци – жителите кои живеат во поделени куќи треба да плаќаат даноци во двете земји. Но, според жителите, поповолно е во Белгија.
Зошто градот е поделен?
Пред 800 години, двајца мажи поставиле граници за да ја поделат нивната земја, а години подоцна, линиите што ја делеле земјата станале државни граници. Она што е интересно кога станува збор за ова место е тоа што жителите на двете земји секојдневно функционираат заедно.
Овој мал град е и пример дека границите не мора да бидат високи ѕидови, бодликава жица и ровови чувани од вооружени војници. Границите, исто така, може да бидат исцртани линии, кои не одвојуваат различни култури, закони и даноци.