Го фати крстот на Водици во Крива Паланка па поклонот го донираше на лице со Даунов синдром

од Вести365.МК | М.Т.

Празникот Богојавление Водици во Крива Паланка помина во знакот на Наум Поцев, кој освен што прв стигна до Крстот, со својата хуманост даде дополнително значење на целата приказна. Имено телевизорот кој го доби како награда од општината реши да го донира на Игор Младеновски, лице со Даунов синдром. Само ден по донацијата решивме заедно со Наум да го посетиме Игор за да видиме дали тој и неговата мајка која е и самохран родител може да гледаат телевизија, објави Сител.

Наум вели дека донацијата е направена од срце, а дека Игор и неговата мајка се избрани неслучаjно, туку напротив затоа што нив им било најпотребно. Се надева дека ваквиот гест ќе стане пракса во сите градови.

Освен што Наум следна година повторно ќе се обиде да го фати крстот и дека повторно ќе донира доколку успеа да стигне прв, следна година ќе има уште еден учесник а тоа е токму Игор. 

Слични објави